Прогнозерите типуваат прв пораз на непобедливите Лавови од Лисабон

Околу 61 процент од учесниците на Спортска прогноза типуваат дека викендов ќе заврши блескавата низа од 20 меча без пораз на Спортинг Лисабон во португалската лига, а серијалот што е најдолг во Топ-10 лигите во Европа треба да го сопре Порто.

Дуелот е многу интересен и е на менито на популарната Тринаесетка во 25-тото коло и е веројатно и последна шанса за Порто да му се закани на Спортинг во трката за титулата во популарната Примеира.

Лавовите од Лисабон со биланс од 17 победи, три нерешени дуели и ниту еден пораз се лидери на табелата со 54 бода на 14 кола до крајот на шампионатот.

Порто има десет бода помалку на второто место и ќе мора да оди на победа ако сака да ја намали разликата и да си ги зголеми шансите за подвиг и за одбрана на титулата и за вкупно 30-та шампионска ѕвездичка во Португалија.

Во понудата за ова коло на нашата бесплатна игра има уште неколку големи дерби-пресметки. Во Холандија ќе играат ПСВ Ајндховен и Ајакс, Челзи му е домаќин на Манчестер јунајтед во англиското дерби, а во фокусот ќе бидат и дуелите меѓу Севилја и Барселона, Рома и Милан, Лестер против Арсенал, Вилјареал против Атлетико Мадрид…

Многу возбудливи дуели и голем предизвик за сите да се вклучат со свои прогнози во 25-тото коло на Спортска прогноза, игра која нуди и интересен награден фонд и прекарсен мобиен телефон „ајфон 11“ во секоја рунда.

Sport Life и Спорт Манија ги наградуваат и утките, па со едно промашување ќе добиете ваучер од 1.000 денари, а за погодени 11 натпревари ви следува ваучер од 500 денари.

По 24 одиграни кола на Спортска прогноза, многу интересен е и распоред на табелата во Генералниот пласман. Дури тројца учесници имаат по 165 бода на врвот, што ветува возбудлива трка до крај за главната премија ТВ Смарт од 48 инчи, што ќе ја добие шампионот на третата сезона на бесплатната игра.

Вклучете се и вие со вашите прогнози, а рокот за 25-тото коло е до утре, до 16 часот, кога ќе почне првиот меч на популарната Тринаесетка меѓу Вест Бромич албион и Брајтон во Премиер лигата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести