Прогнозерите уште сега се сигурни во триумф на Сити во дербито против Челзи

Спортската прогноза по двенеделна пауза, повторно нуди парови од петте најатрактивни лиги во Европа. Клупскиот фудбал секогаш е попримамлив за прогнозерите, а тоа го докажува и процентот на дадената доверба на Манчестер сити во претстојното дерби против Челзи.

Дури 83% од прогнозерите очекуваат Граѓаните да ја покажат моќта против лондонските Сини. Челзи не го памети по добро последното гостување на „Етихад“, кога претрпе дебакл од 6-0, па можеби тоа е причината што прогнозерите типуваат дека Сити пак ќе слави. Надеж дека младиот состав на Френк Лампард може да приреди изненадување има само во 7,2% од прогнозерите.

Дербито на двата последни англиски шампиони не е единствено во ова коло бидејќи дерби се игра и во Италија. Милан го пречекува Наполи на Елиф Елмас, но ако се земе предвид во каква форма и во колкави проблеми се двете екипи, се чини дека нема да го оправдаат епитетот на дерби.

Како и во секое коло, премијата што ја доделува Sport Life е прекрасниот мобилен телефон IPhone XS, за којшто треба да се погодат сите 13 парови од основната програма. Треба посебно да се внимава и на резервните двојки кои носат поени во битката за Генерален пласман и главната премија ТВ Смарт од 48 инчи.

И таму има голема битка. Разликите во горниот дел на табелата се минимални и по секое коло се менуваат работите. Сите учесници имаат шанса, а не е доцна да се вклучите и вие со ваши прогнози бидејќи за секое коло има посебни награди кои се многу примамливи. Веќе знаете дека играта е бесплатна, а единствен услов е да имате СЛ картичка од Sport Life.

Новото коло е веќе во тек, прогнозирајте, забавувајте се и очекувајте вредни награди.

- Оглас -

Најнови вести