Прогнозирајте до 13:30 часот и бидете во игра за добивање IPhone XS

Кратко е времето кое останува за сите оние кои уште немаат прогнозирано во 33. коло на Спортска прогноза. Ова е претпоследно коло за оваа сезона, што значи дека ви остануваат уште само две шанси за да стигнете до вредни подароци.

На понудата има 13 мечеви, а доколку успеете да ги погодите сите, тогаш ќе погодите „Среќна 13-ка“, за што станувате добитник на вредниот мобилен телефон IPhone XS. Подароци има и за тие со 12 и 11 погодоци. За 12-ка следува вредносен ваучер од 1.000 денари, а 11-ката вреди ваучер од 500 денари.

Освен неделните подароци, возбудлива е и трката во Генерален пласман. По 32 одиграни кола во водство е Христијан со 219 бодови, пред Николче со 204 бодови. За најдобриот прогнозер следува премија, а тоа е ТВ смарт од 48 инчи, а ќе има убави подароци и за пласираните од второто до петтото место на крајот на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести