Програмиран за успеси: Пеп освојува трофеј на секои 23 натпревари

Манчестер сити на феноменален начин ја заврши 2023 година, како светски клупски првак. Во финалето во Једах, Сити убедливо со 4:0 го победи бразилскиот Флуминезе и оваа година ја завршува со феноменални пет трофеи.

Тимот предводен од Пеп Гвардиола во Англија беше доминантен и ги освојуваше трофеите во Премиер лигата, ФА Купот и Комјунити Шилд. Покрај овие трофеи во домашните натпреварувања, за Сити беа историски и пехарите во Лигата на шампиони и Светското клупско првенство.

Шпанскиот стратег во својата тренерска кариера на клупата бил на 849 натпревари, а синоќа стигна до 37-миот освоен трофеј. Со тоа, Гвардиола е вториот најтрофеен тренер, веднаш зад легендарниот Сер Алекс Фергусон.

На контото на Гвардиола има пехари од 12 различни натпреварувања. Пет титули има во Премиер лигата, а по четири од Светско клупско првенство, Лига Купот и УЕФА Супер купот. Три трофеи има во Лигата на шампиони, во Примера дивисион, Бундеслига и Суперкупот на Шпанија. Пеп има по два пехари во Комјунити шилд, шпанскиот куп, германскиот куп и ФА Купот.

Според овој скор, Гвардиола има импресивен просек од освојување на по еден трофеј на секои 23 одиграни натпревари.

- Оглас -

Најнови вести