Промаши шут за тројка, а сепак од тој нападот успеа да реализира четири поени (Видео)

Чудна ситуација се случи на дуелот Кливленд – Шарлот кој беше неизвесен до самиот крај. Кливленд победи со 102:101, а во драматичната завршница се случи еден необичен момент.

На пет минути пред крајот, гостите имаа двоцифрена предност (90:80), кога Тери Розие реши да шутира за три поени и промаши. Сепак, судиите решија да му го признаат шутот како да е погодена тројката и плус му дадоа едно дополнително слободно фрлање, кое беше реализирано.

Ваквата одлука на судиите беше затоа што Розие непосредно пред да шутира, од клупата на Кливленд стана Ед Дејвис и го фати Розие за раката, попречувајќи го. Според правилата тоа не е дозволено, па судиите на Дејвис му досудија техничка лична грешка.

Од клупата на Кливленд бурно реагираа затоа што тврдеа дека контактот бил направен откако судиите претходно ја прекинале играта поради направен фаул, претходно во акцијата на Шарлот и дека тој кош воопшто не требало да биде признат затоа што е шутнато по прекин на играта.

Сепак судиите мислеа поинаку и Шарлот успеа да постигне четири поени од тој напад во кој воопшто не постигнаа тројка.

- Оглас -

Најнови вести