Пронајден е авионот во кој беше Емилијано Сала

Авионот кој пред речиси две недели исчезна над Англискиот канал (Ла Манш), а во кој единствен патник беше фудбалерот, Емилијано Сала, е пронајден.

Делови од авионот се пронајдени на дното од Ла Манш, со што само се потврдија стравувањата дека тој се урнал. Авионот беше пронајден по само 12 часа откако беше започната подводна истрага.

„Можеме да потврдиме дека го најдовме авионот во кој беа фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон. Веднаш ги известивме семејствата, а тим на истражители ќе пристигнат во понеделник. Засега не сакаме да зборуваме ништо друго за случајот“, изјави водичот на истрагата, Дејвид Меарнс.

Сала патуваше од Нант кон Кардиф, неговиот нов клуб, но, од засега непознати причини, авионот исчезнал од радарот и до денеска не се знаеше каде е паднат. Засега не се пронајдени телата на двајцата кои беа во авионот.

- Оглас -

Најнови вести