Пронајдени делови од срушениот авион, нема шанси да има преживеани

Речиси и да нема шанси Емилијано Сала да го преживеал падот на авионот Пајпер Малибу се проценките на спасувачките служби, кои пронајдоа делови од исчезнатото летало. Аргентинецот кој за 17 милиони евра пред неколку дена потпиша за Кардиф, во неделата замина во Нант за да се поздрави со своите поранешни соиграчи, а потоа требаше да започне нова страница во неговата кариера.

Голгетерот стана најскапо засилување во историјата на Кардиф, но несреќата која синоќа се случи, не дозволи тој да ги покаже своите квалитети. Контролата за летање пријавила дека околу 20 часот му се губи трагата на малиот авион, во кој биле само пилотот и фудбалерот. Последен пат бил забележан дека е над Англискиот канал, во близина на англискиот брег.

По обемната истрага, во водата биле пронајдени бројни предмети за кои „многу се сигурни“ дека се делови од исчезнатиот авион. Засега смртта на фудбалерот и пилотот не се потврдени, но спасувачите велат дека нема шанси да се преживее таков пад на авион во море.

„Ова е голема загуба на еден човек и играч кој со нас помина подолго време. Беше пример за тоа како треба да се однесува еден млад човек. И понатаму се надеваме дека ова не е вистина, но свесни сме дека шансите да преживее се многу мали“, рече тренерот на Нант, Вахид Халилхоџиќ, кој додава дека бил против продажбата на Аргентинецот.

- Оглас -

Најнови вести