Исчезнатиот фудбалер со порака „последен поздрав“ се простил со соиграчите во Нант (Видео+Фото)

Нема нови вести за фудбалерот Емилијано Сала и пилотот кои синоќа исчезнаа додека патуваа од Нант кон Кардиф. Сала заминал во Франција за да се поздрави со своите неодамнешни соиграчи, а потоа тргнал кон Кардиф, за да се приклучи на својот нов тим, премиерлигашот од Велс.

На враќање од Нант кон Кардиф, малиот авион Пајпер го снемало од радарот околу 20:30 часот по локално време. Последен пат е забележат како лета над Англискиот канал, недалеку од копното на Англија. Спасувачки екипи со бродови и хеликоптери  го пребаруваат теренот, но засега нема никакви информации. Не се пронајдени ниту фудбалерот ниту пилотот, а ни делови од авионот кој е исчезнат.

Сала помина три и пол години во Нант, каде што во 133 меча даде 48 погодоци. Аргентинецот целиот вчерашен ден го поминал со своите екс соиграчи. На крајот ги собрал сите, се фотографирале, а потоа Сала ја постирал и на социјалните мрежи, со порака „Последен поздрав“.

Неколку часа претходно, Нант на својот профил на социјалните мрежи изработи специјално видео посветено на Сала и на неговиот придонес за клубот во изминативе три и пол години, со порака „Ти благодариме Емилијано“.

Пред неколку дена, Сала го комплетираше трансферот во Кардиф. Премиерлигашот плати 17 милиони евра за неговиот трансфер од Нант.

 

- Оглас -

Најнови вести