Пронајдено е тело во Ла Манш, дали на Сала или на пилотот?

Едно тело е видено под остатоците од авионот „Пајпер Малибу“ кој беше пронајден на дното на каналот Ла Манш, а со кој патуваа фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон. Засега нема информација чие е телото, но по две недели потрагата почнува да ги дава и конкретните резултати.

Полицијата и семејствата на пилотот и фудбалерот ќе треба да помогнат во идентификација на трупот кој бил виден на снимките кои се прават под вода на местото каде што се остатоците од авионот кој на 21-ви јануари не стигна на целта во Кардиф.

- Оглас -

Најнови вести