Пропадна трансфер од Манчестер јунајтед во Арсенал кој ќе беше најскап во историјата!

На последниот ден од јануарскиот преоден рок, Манчестер јунајтед одбил понуда од Арсенал, и тоа понуда која ќе беше светски рекорд според висината на отштетата. Станува збор за женски фудбал, а великанот од „Олд Трафорд“ им порачал на ривалите од Лондон дека Алесија Русо не е на продажба по ниту една цена.

Русо е 23-годишна англиска репрезентативка со потекло од Италија, а нејзиниот договор со Јунајтед истекува во јуни. Арсенал за неа нудел малку помалку од 500.000 фунти, што е 560.000 евра, но како одговор добиле „НЕ“.

Најскап трансфер за една фудбалерка е оној на Кира Волш, за која Барселона летоска плати 450 илјади евра.

- Оглас -

Најнови вести