Против Баерн бранеше гледајќи само на едно око и го исфрустрира Левандовски

Баер Леверкузен го направи најголемото изненадување во ова коло во Бундеслигата, откако успеа на гости со 2:1 да го победи Баерн Минхен. Покрај двократниот стрелец Леон Бејли, херој на гостите беше и голманот Лукас Храдецки. Баерн имаше дури 75 отсто посед на топката, домаќините упатија дури 24 удари кон голот на Баер, а Храдецки само еднаш капитулираше, а успеа да одбрани дури 10 директни удари во неговиот гол, плус да скрати неколку опасни акции на шампионот.

По завршување на дуелот, Храдецки откри дека во текот на мечот останал без леќата на едното око и фактички повеќе од половина меч морал да брани гледајќи само на едното око.

„Ја изгубив контактната леќа во текот на првото полувреме и потоа можев да гледам само на едното око. На никого не би му препорачал да има такво искуство, посебно против Баерн во Минхен. Мило ми е што овој меч заврши со наша победа“, рече  Храдецки.

Посебно впечатливо е тоа што на овој меч немоќен беше најдобриот стрелец на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, па Фармацевтите имаа и посебна порака за полскиот голгетер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести