Против Чиле, со Даскалоски на голот, шанса добива и Лазаревски

Златко Даскаловски на местото на Борко Ристовски и Милан Лазаревски на местото на Марио Танкоски, се двете измени во составот кои ги направи македонскиот селектор Раул Гонзалес за денешниот меч против Чиле (почеток во 13 часот), во битка за 15-тото место на Светското првенство во ракомет за мажи кое за нас, завршува денеска.

Даскалоски киј брани за француски Стразбур, ќе го има шестиот настап во дресот на репрезентацијата, а централниот бек Танкоски кој играше со Русија, местото ќе му го отстапи на пикерот Лазаревски кој ако влезе во игра, ќе дебитира во националниот тим.

Со победа над Чиле, Македонија ќе го освои 15-тото место на СП, а со пораз, ќе бидеме 16-ти. Правилата за таканаречениот Претседателски куп се дека ако дуелот заврши нерешено после 60 минути игра, се преоѓа кон шутирање седмерци.

- Оглас -

Најнови вести