Против Лихтенштајн испишавме историја, во просек им даваме над 3,5 гола (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација досега има одиграно девет меча против Лихтенштајн и тоа е ривалот кој ни е омилен. Осум победи и едно реми, без ниту еден пораз е билансот против селекцијата која најмногу пати ја имаме победувано.

Во овие девет натпревари, Македонија вкупно има постигнато 33 гола против Лихтенштајн што е просек од 3,66 погодоци по меч. На дуелот одигран на 9 ноември 1996 година, испишавме историја против овој ривал.

На гостувањето во Вадуз, Македонија победи со неверојатни 11:1, што е наша најубедлива победа, но и еден од најубедливите триумфи на две европски селекции. Ако се следи традицијата, лесно треба да се случи и вечерва на арената „Тодор Проески“ да гледаме голеада.

 

- Оглас -

Најнови вести