Противникот на Конор е како Хајлендер – три пати ѝ бегал на смртта

Доналд Керон попознат како Каубој е ривалот на Конор Мек-Грегор во УФЦ рингот за два дена. Американскиот борец е еден од најискусните и досега во 49 меча има 36 победи и 13 порази. Мек-Грегор е со 21 победи и 4 порази и е фаворит во ово меч.

На Мек-Грегор не треба многу да се зборува. Ирецот е вистински шоумен и провокатор, кој посебно се прослави по борбата со Хабиб Нурмагомедов, која ја загуби. Овојпат и неговиот ривал, популарниот Каубој е човек кој поминал многу работи за своите 36 години.

Американскиот борец е познат по тоа што три пати успевал да и избега на смртта. Првиот пат тоа се случило пред 14 години кога тој се натпреварувал во мотокрос. Во еден момент Доналд загубил контрола над моторот и доживеал тешка несреќа. Лекарите три пати успевале да го вратат во живот, а две неделни поминал и во индуцирана кома.

Качувањето по карпи е големо хоби на Каубојот, кој при едно такво искушение се лизнал и паднал од 20-тона метри висина. И тогаш се здобил со тешки повреди, го скршил кукот и стопалото, а по тоа инцидент изјавил.

„Изгледа дека треба да имаш танц со смртта за да сфатиш колку е убав животот“, рекол Керон.

Доналд по трет пат успеал да ја „измами смртта“ додека Доналд нуркал во Ново Мексико во 2016 година. Додека бил на 30 метри под вода, неговата опрема за дишење откажала, па Каубојот без воздух морал да издржи 30 метри додека се искачи на површина.

 

 

- Оглас -

Најнови вести