Ериксен прозборе првпат како нов играч на Манчестер јунајтед (видео)

Манчестер јунајтед го претстави Кристијан Ериксен како трето летно засилување, по Тајер Маласија и Лисандро Мартинес.

Данскиот репрезентативец од претходно го потпиша тригодишниот договор, а во своето прво интервју како Црвен ѓавол истакна дека се радува што ќе дебитира пред домашната публика на „Олд Трафорд“, во дуелот против Брајтон на 7 август од првото коло во Премиер лигата.

„Премиерниот дуел против Брајтон на домашен терен ќе биде тензичен, но се надевам убав начин да ја почнам кариерата во Манчестер јунајтед. Нема нешто подобро од тоа да дебитирам пред нашите навивачи на „Олд Трафорд“. Свесен сум дека можам уште многу да остварам во кариерата, а Манчестер е вистинското место за да си ги исполнам целите“, посочи Ериксен.

- Оглас -

Најнови вести