Прв бунт во ПСЖ по доаѓањето на Меси: Големата ѕвезда не сака да игра со Лео!?

Кога во тимот имате неколку големи ѕвезди и секоја од нив сака да биде главна на теренот, тогаш многу веројатно е дека за брзо време ќе се појават проблеми. Лионел Меси е нов играч на Пари Сен Жермен, каде до сега главни беа Килијан Мбапе и Нејмар.

Меси и Нејмар веќе имаат одлично искусто од заедно играње во Барселона, но Мбапе може да биде „проблемот“. Според пишувањата на француските новинари, Мбапе сега одбил да го продолжи договорот со ПСЖ и ќе бара заминување од клубот.

Актуелниот договор на Мбапе со ПСЖ е до крајот на следната сезона, што значи дека ако не ја продолжи соработката, а летово не биде продаден, следната сезона ќе може да си замине без никаква оштета па ПСЖ да загуби повеќе од 100 милиони евра.

До крајот на летниот преоден рок остануваат уште 20-тина дена во кои Мбапе може да ги „спакува куферите“ и да си замине од ПСЖ, каде сега сигурно главен ќе биде Меси.

 

- Оглас -

Најнови вести