Прв допинг-случај на Игрите во Токио

На Олимписките игри во Токио регистриран е првиот случај за допинг, по што нигериската атлетичарка Блесинг Окагбаре заработи дисквалификација.

Во пресрет на нејзиниот настап во полуфиналето на 100 метри спринт, стигнаа резултатите од тестирањето кое беше направено на 19 јули, а Нигеријката била позитивна на прекумерна доза на хормон за раст.

Спринтерката важеше за една од претендентките за медал во својата дисциплина, а набрзо откако пристигнаа резултатите таа побара да се тестира нов примерок за одново да се проверат резултатите, демантирајќи ги обвинувањата.

- Оглас -

Најнови вести