Прв гол на македонски интернационалец во ерата на корона

Аријан Адеми е првиот македонски интернационалец кој постигнал гол во последните месеци откако почна кризата со корона-вирусот. Капитенот на Динамо Загреб погоди на денешниот пријателски меч против Интер Запрешиќ. Динамо славеше со 4-1, мечот се играше на празниот „Максимир“ во Загреб, а Адеми даде гол во 36-тата минута за водство на Модрите од 2-1, откако гостите поведоа со 1-0.

Хрватските клубови се подготвуваат за продолжувањето на сезоната закажано за следниот викенд. Динамо на Адеми, кој е лидер на табелата со огромни 18 бода предност пред втората Риека, на 6 јуни гостува кај Вараждин.

- Оглас -

Најнови вести