Прв гол на Милер по камбекот, Германија броеше до седум против Летонија (видео)

Германија демонстрираше моќ против Летонија во убедливиот триумф од 7-1 пред Панцерите да се свртат кон Европското првенство. Томас Милер го реализира првиот гол за националниот тим на Јоаким Лев откако се врати во репрезентацијата за водството од 3-0, а воедно и асистираше за седмиот погодок на Панцерите.

Голеадата почна од Госенс во 19-тата минута, а веќе во следниот напад Гундоган зголеми на 2-0. До полувремето погодуваа уште Милер и Гнабри, а еден автогол си даде Озолс.

https://streamable.com/utdesh

Меѓу головите на Вернер во 50-тата и на Сане во 76-тата минута, Летонците успеаја преку Савељевс да го совладаат Мануел Нојер, кој вечерва го прослави јубилејниот 100-ти настап во германскиот национален состав.

Германија со оваа контролка најави дека е подготвена за континенталниот собир и премиерниот меч против светскиот првак Франција.

Во меѓувреме играше и вториот противник на Македонија од мундијалските квалфикации, а селекцијата на Лихтенштајн претрпе дебакл со 1-5 од Фарски Острови.

- Оглас -

Најнови вести