Прв пат заигра за Реал и веднаш се правеше шеф и тоа на играч кој има над 130 меча за Кралевите (Видео)

Младиот 18-годишен Арда Ѓулер синоќа стана третиот Турчин кој заигра во дресот на Реал Мадрид. Тинеџјерот потпиша за Кралскиот клуб пред почетокот на сезоната, но поради честите повреди, дури синоќа дебитираше за тимот од неговите соништа.

Ѓулер одигра речиси еден час, во кои покажа дел од талентот што го поседува. Освен добрата игра на теренот, Турчинот покажа дека сака да биде доминантен на теренот, иако има само 18 години.

Во 17 минута беше досуден слободен удар за Реал Мадрид, а Ѓулер веднаш ја зема топката за да го изведе прекинот. Кон Ѓулер пријде Дани Себалјос, фудбалер кој е многу поискусен и побара од тинејџерот да му ја отстапи топката. Сепак, играчот кој само 15-тина минути имаше во дресот на Реал, реши да не го послуша многу поискусниот соиграч.

„Остај да изведам еден слободен удар брат“, му рече Ѓулер на Себалјос, а поискусниот возврати: „Ајде дај ми ја топката. Арда, дај ми ја топката“, викаше Себалјос, додека Арда ја криеше топката.

На крајот Арда го изведе слободниот удар и за малку ќе постигнеше гол, затоа што ја погоди стативата. Шутот на Ѓулер може да го видите ТУКА.

По мечот, реакција имаше и тренерот на Реал, Карло Анчелоти.

„Многу сум свесен дека има само 18 години. Нека остане мирен, потребен му е мир. Тој е многу битен играч за сегашноста и иднината на клубот. Потребно е малку трпение од сите страни. Јас го имам, го има и тој. Квалитетот го поседува, ќе добие минутажа“, рече Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести