Прв проблем за Андоновски – Алекс Морган е трудна!

Нема да оди сè како подмачкано за македонскиот стручњак Влатко Андоновски во првите месеци како селектор на американската женска фудбалска репрезентација. Тој во наредниот период нема да може да смета на Алекс Морган, која е капитен на светскиот првак.

Морган, која заедно со Меган Рапино се најдобри фудбалерки во САД, можеби и на светот, е бремена и ќе мора да паузира во наредниот период. Сепак, Морган како мајка планира да се врати на фудбалските терени веднаш по породување во април и кон крајот на јули да настапи на Олимписките игри во Токио. Сопруг на Морган е Сервандо Караско, фудбалерот на Лос Анџелес галакси. Тие веќе се пофалија дека во април 2020 ќе добијат ќерка.

„Најважно е Алекс да биде здрава во периодот на бременост и да роди здраво дете. Откако ќе го направи тоа, сите заедно ќе се обидеме да направиме сè што е во наша моќ за таа да може да игра на олимпискиот турнир“, рече Андоновски.

- Оглас -

Најнови вести