Прв руски спортист кој реши веќе да не игра за националниот состав

Рускиот шаховски велемајстор Вјачеслав Тиличејев е првиот спортист кој најавил дека веќе не сака да се натпреварува за националната селекција и тоа како револт поради воените напади на неговата земја врз Украина, пренесува германската новинска агенција ДПА.

Се очекува во скоро време и Светската шаховска федерација (ФИДЕ) да закаже состанок на кој ќе треба да се зборува за бојкот на Шаховската Олимпијада која е планирана да се одржи во јули во Москва.

Претседателот на ФИДЕ е Русинот Аркадиј Дворкович, а главен спонзор е гасната компанија Газпром.

- Оглас -

Најнови вести