Прв скандал поврзан со Роналдо во Саудиска Арабија и тоа непосредно пред големото дерби за титулата

Кристијано Роналдо пред повеќе од два месеци потпиша за екипата на Ал Наср во Саудиска Арабија, па ова првенство веднашс доби глобална популарност. Ал Наср е екипа која по 19 кола е лидер на табелата со 46 бодови, а нивни најголем ривал за титулата е Ал Итихад, кој има два бода помалку.

Токму овие две екипи утре ќе играат меѓусебе во дербито на Саудиска Арабија, а домаќин е тимот на Ал Итихад. Иако ја имаат предноста на домашен терен, навивачите на Ал Итихад се плашат дека нивниот тим може да биде „ограбен“. За што се работи?

Судиската комисија при фудбалската федерација на Саудиска Арабија одлучи поради значењето на мечот, да биде ангажиран судија од странство. изборот падна на Матеу Лахоз, познатиот шпански арбитар.

Лахоз и во минатото судел мечеви во Саудиска Арабија, но овојпат неговиот избор, беше мотив за голем број реакции посебно од фановите на Ал Итихад, на кој им пречи тоа што Роналдо се познава со Лахоз, а посебно „им боде очи“ една фотографија на која тие двајца се заедно и се насмеани. Симпатизерите на Ал Итихад се плашат дека Роналдо поради познанството со Лахоз, може да добие попуст од шпанскиот арбитар.

Лахоз е светски познат судија кој неколку пати бил во центарот на вниманието поради своите одлуки. На Мундијалот во Катар, тој ја делеше правдата на мечот Аргентина и Холандија кога во четвртфиналето додели рекордни 18 жолти картони. Еден месец подоцна судеше и на каталонското дерби меѓу Барселона и Еспањол, кога додели 15 жолти картони и два црвени.

Пред еден и пол месец Роналдо со Ал Наср играше против Ал Итихад и загуби со 3:1 во полуфиналето на Суперкупот на Саудиска Арабија, што значи дека сега има голем предизвик да го задржи неговиот тим на врвот на табелата во првенството.

 

- Оглас -

Најнови вести