Прв старт за Алиоски и победа за Лидс

Езџан Алиоски за првпат беше во стартната постава на Лидс, а клубот од Јоркшир повторно победи, вечерва со 1:0 против Брентфорд во меч од четвртото коло во Чемпионшип.

Едвард Нкетија беше стрелец на победничкиот гол во 81. минута, а веднаш потоа беше заменет. Алиоски го одигра целиот меч и се врати комплетно фит на теренот во вистински момент и за македонската репрезентација.

На петти септември Македонија го продолжува квалификацискиот циклус за ЕП 2020 година и ќе му гостуваме на Израел во Бер Шева.

Алиоски во финишот на минатата сезона се повреди, мораше и да оди на операција, но сега по долг период повторно е комплетно здрав и од вечерва и стандарден првотимец на Лидс.

- Оглас -

Најнови вести