Прв стрелец е во лигата, а утна нешто што се чинеше дека не е можно да се утне (Видео)
Ако Олимпија не биде првак, оваа утка може да биде еден од пресудните фактори.

Хрватскиот напаѓач Анте Вукушиќ, кој игра за љубљанската Олимпија, со 18 голови е на делба на првото место на листата на стрелците во словенечката фудбалска лига, но она што го утна завчера во дербито против Целје, е неверојатно за играч со негови квалитети.
Олимпија загуби со 0-1 и сега Целје има само два бода помалку од Змајчеките. Ако Вукушиќ дадеше гол и изедначеше на 1-1, Олимпија ќе останеше на покомотни пет бода предност, а вака си ја загрозија титулата.
Полесно беше да се погоди празниот гол од 2-3 метри отколку да утне. Утката која е неверојатна и го изненади и коментаторот може да ја погледнете тука: