Прва аквизиција на Њукасл во новата ера – Освојувач на Златната топка!

Њукасл наскоро ќе биде во сопствеништво на саудискиот принц Мохамед бин Салман, а тоа значи дека ќе има инвестии со кои ќе се гради конкурентен тим на големата шестка во Премиер лигата. Остануваат уште неколку детали за Мајк Ешли целосно да го препушти клубот на новите газди, а тие веќе планираат да носат големи фудбалски имиња на „Сент Џејмс парк“ откако се најавени 200 милиони фунти како буџет за следниот преоден рок.

Првата голема аквизија може да биде освојувачот на Златната топка за 2018 година, Лука Модриќ, известуваат англиските медиуми. На искусниот играч за врска на Реал Мадрид му истекува договорот во летото 2021 година, но атак по неговиот потпис може да се случи во првата прилика кога ќе се отвори фудбалскиот пазар.

Интересно е што Модриќ и пред 12 години бил пред потпис со Њукасл, но ангажманот го спречил човекот одговорен за трансфери во клубот Тони Хименес. Во 2008 година тогашниот менаџер Кевин Киген имал намера да го доведе Модриќ, дури биле договорени деталите околу трансферот со фудбалерот и Динамо Загреб, меѓутоа Хименес сметал дека Хрватот нема квалитет да игра во Премиер лигата.

Таа грешка го чинеше клубот многу бидејќи Модриќ заврши во Тотенхем извесно време подоцна, каде што прерасна во еден од клучните играчи на тимот и си заработи преселба од соништата во Реал Мадрид и изгради кариера каква што може да посака еден спортист.

- Оглас -

Најнови вести