Прва гренслем титула за Крејчикова во кариерата (видео)

Барбора Крејчикова е новата шампионка на Ролан Гарос во женска конкуренција, по победата на Анастасија Павличенкова по три сета со 6-1, 2-6, 6-4, за прва гренслем титула во кариерата.

Двете тенисерки првпат се бореа за титула на едно од четирите големи првенства, а Чехињата покажа поголема желба за победата. Крејчикова до своето прво финале загуби само два сета, во првото коло и во полуфиналето, но и денес не беше заплашена при израмнувањето на 1-1 од страна на Павличенкова.

Крејчикова поведе со сигурни 6-1 откако ѝ одзеде три сервиси на Русинката, па во решавачкиот сет по четвртиот обид триумфираше со 6-4.

За утре е предвидено финалето во машка конкуренција меѓу Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас.

- Оглас -

Најнови вести