Прва историска победа за Верона на „Олимпико“ против фаворизираниот Лацио

Верона никогаш претходно не се радувала на лигашка победа против Лацио среде Рим, но вечерва гостите го освоија „Олимпико“ при конечни 2-1. Лацио го претрпе четвртиот овосезонски пораз во Серија А по што сега има голем заостаток зад водечкиот Милан.

Иако се чинеше дека на паузата двете екипи ќе заминат без погодоци, автоголот на Лацари во 45-тата минута го смени текот на мечот. Кајседо ги врати домаќините во игра во 56-тата минута, но потоа се случи голем шок.

Верона со единствениот шут во рамките на голот на Рејна во второто полувреме, успеа да стигне до големата победа која ја донесе Тамезе во 67-та минута.

Верона сега е на шестото место со 19 бода, додека Лацио е две места подолу со 17 бода.

- Оглас -

Најнови вести