Прва радост за Челзи под новиот газда – Маунт е најдобриот англиски фудбалер сезонава (ФОТО)

Челзи ја оствари својата прва победа откако премина под сопственост на Тод Боели. „Сините“ од Лондон остварија лесна победа од 3:0 на гостувањето кај Лидс во рамките на 33-тото коло.

Мејсон Маунт со голот во четвртата минута ја најави победата, додека Даниел Џејмс од редовите на домаќините во 24-тата доби директен црвен картон.

Маунт стана првиот англиски играч којшто сезонава има двоцифрен учинок од 10 асистенции и 11 погодоци. Потоа Кристијан Пулишиќ (56′) и Ромелу Лукаку (83′) само ставија печат на победата.

Со оваа победа, Челзи дојде до 70 бодови, додека Лидс останува во опасната зона со 34 бода на две кола до крајот.

- Оглас -

Најнови вести