Прва радост за Лука и Далас Маверикс, Портланд го „растури“ Феникс (ВИДЕО)

Екипата Далас Маверикс дојде до првата победа во новата сезона од НБА, откако утринава беа подобри од Торонто Репторс на гостински терен со 103:95.

Предводени од кој друг, ако не Лука Дончиќ, тимот од Тексас славеше во Канада, откако по првите 24 минути имаа негатива од 51:45.

Сепак, одличниот Словенец ги презеде работите во свои раце, и на крајот средбата ја заврши со 27 поени, 12 асистенции и девет скокови, запишувајќи го првиот дабл-дабл сезонава.

Портланд Трејлблејзерс пред своите навивачи убедливо го победи Феникс санс со 134:105 и исто како и Далас, дојде до првата победа во оваа сезона.

Си џеј Мекалум беше број еден на оваа средба кај домаќините запишувајќи 28 поени, а помош имаше и од најдобриот играч на тимот, Демијан Лилард кој стигна до цифрата од 19 поени, а практично и не ни ја одигра последната четвртина, бидејќи победникот беше решен уште од порано.

 

НБА РЕЗУЛТАТИ

Кливленд Кавалирс – Атланта Хокс 101:95

Индијана Пејсерс – Мајами Хит 102:91(по продоолженија)

Торонто Репторс – Далас Маверикс 95:103

Чикаго Булс – Детроит Пистонс 97:82

Минесота Тимбервулвс – Њуорленс Пеликанс 96:89

Сан Антонио Спарс – Милвоки Бакс 111:121

Портланд Трејлблејзерс – Феникс Санс 134:105

Лос Анџелес Клиперс – Мемфис Гризлис 114:120

- Оглас -

Најнови вести