Прва снимка на Роналдињо во куќен притвор, виде дека го снимаат, и реагираше бурно (Видео)

Некогаш најдобриот фудбалер на светот, Роналдињо, повеќе од два месеци е во куќен притвор во хотелска соба во Асунсион, главниот град на Парагвај. Роналдињо и брат му влегоа во Парагвај со лажни лични документи и беа приведени. Најпрвин лежеа во притвор, а потоа беше платена кауција од 1,6 милиони евра, па им беше дозволено да одат во куќен притвор, во хотел, каде се чувани од полицијата и не смеат да излегуваат од соба.

Но, собата има тераса, па Роналдињо излезе на кратко на воздух, и еден фан го сними со телефон од зграда од спротивната страна на улицата, од прилично голема далечина, но доволно е блиску да се види дека станува збор за Бразилецот. Кога забележа дека го снимаат и дека му даваат поддршка да биде силен, Роналдињо се насмеа и во свој стил му отпоздрави на човекот кој го сними.

Наскоро треба да има судење на кое Роналдињо се надева дека ќе биде пуштен на слобода и ќе му се дозволи да се врати во Бразил, иако тоа нема да биде лесно, бидејќи со брат му се обвинети и за можно перење на пари.

Еве ја снимката на која се гледа Роналдињо на терасата од својата соба:

- Оглас -

Најнови вести