Прва заедничка фотографија на Богдан и Олга во јавност

За Богдан Богдановиќ, кошаркарот на Сакраменто кингс, и тенисерката Олга Даниловиќ од порано се шпекулира дека се во љубовна врска, но викендов за првпат на социјалните мрежи се појави една фотографија на која тие се заедно.

Богдан и ќерката на Предраг Даниловиќ беа на свадба кај тенисерката Јована Јакшиќ, која се омажи за 23 години постариот од неа Вујадин Јовиќ.

На заедничката фотографија се младоженците, Богдан, Олга, но и Владе Дивац и Предраг Стојаковиќ, кои исто така се во Сакраменто.

- Оглас -

Најнови вести