Првакот на Норвешка падна во Приштина

Екипата на Приштина вечерва на стадионот „Фадиљ Вокри“ во главниот град на Косово со 2-1 го совлада Бодо Глимт во првиот дуел од нивниот двобој во квалификациите од Конференциската лига на УЕФА.

Гостите поведоа во 11-тата минута, но Ото изедначи на 1-1, а Лоте во 82-рата минута си даде автогол за изненадувачки 2-1 за Приштина.

Изненадувачки резултат имаше и во Истанбул, каде што Галатасарај одигра само 1-1 против Сент Џонстон. Турците при 0-0, во 56-тата минута останаа без голманот Муслера, кој направи пенал и притоа доби црвен картон.

- Оглас -

Најнови вести