Првата ѕвезда на Косово е во многу лоша кондиција – Падна на медицинскиот тест во Бриж, трансферот му виси

Ведат Муричи е на медицински прегледи пред трансфер во Бриж, но првиот обид е неуспешен и утре ќе има нов обид на ѕвездата на Косово за да потврди дека е во добра физичка кондиција и без сериозни проблеми и повреди.

Муричи е првата фудбалска ѕвезда на Косово веќе подолг период, а моментно е на позајмица во Мајорка од Лацио.

Лацијалите се согласија да направи перманентен трансфер во Бриж, но се појавија сериозни проблеми со медицинските прегледи.

Од Бриж се упорни да му дадат нова шанса на 28-годишниот напаѓач и за утре му закажаа нови лекарски прегледи.

- Оглас -

Најнови вести