Први се квалификуваа и први испаднаа од Мундијалот

Фудбалската репрезентација на Катар е првата која и дефинитивно ги загуби шансите за пласман во нокаут-фазата на Светско првенство, кое тие го организираат.

Катар во првите две кола доживеа два порази, од Еквадор со 2:0 во првото коло и денеска од Сенегал со 3:1, а шансите за нокаут-фазата им ги уништи ремито во дербито во нивната група.

Катар е најлошиот домаќин на Светско првество овој век, единствено тие ги загубија првите два натпревари како организатори, а никој не се сомнева дека ќе загубат и во третото коло бидејќи играат со првиот фаворит во групата, Холандија која брка победа за прво место.

Холандија и Еквадор кои славеа во првото коло, денеска одиграа 1:1 и Катар, кој како домаќин прв се пласираше на ова Мундијалот, прв се прости од него.

Катар стана втората селекција домаќин на Светско првенство што не ја поминала групната фаза, претходно тоа го направи и Јужна Африка во 2010 година.

 

- Оглас -

Најнови вести