Првиот пик експлодира – Зајон е чудовиште на 19 години (видео)

Њу Орлеанс ноќеска оствари убедлива победа во дуелот против Портланд со високи 138:117, меч во кој доминираше првиот пик на Пеликанс, Зајон Вилијамсон. Предводникот на драфт-генерацијата 2019 имаше ноќ за паметење и запиша највисок личен учинок откако игра во НБА-лигата.

Зајон реализира 31 поен за помалку од 28 минути на теренот, надополнети со 9 скока и 5 асистенции. Од поле реализира 10/17 шута, утна само три слободни фрлања од вкупно 14 обиди, а додаде и една украдена топка во статистиката. Вилијамсон иако има само 19 години, делуваше доминантно покрај играчи како Кармело Ентони и Хасан Вајтсајд во рекетот.

- Оглас -

Најнови вести