Првиот пик на драфтот „експлодира“ на теренот, па се повреди, а на крај земјотрес го прекина мечот (Видео)

Зион Вилијамсон покажа зошто е избран за прв пик на драфтот во НБА лигата. Ѕвездата од Колеџот Дјук, го одигра првиот меч во дресот на Њу Орлеанс пеликанс и веднаш демонистрираше моќ. Во дуел против Њујорк одигран во Лас Вегас, силниот крилен центар за само девет минути на теренот даде 11 поени, а имаше и три скока.

Поголем дел од поените на Вилијамсон беа со забивање, но неговото шоу не траеше многу дого, бидејќи доби удар во коленото и мораше да излезе од игра. Превентивно, во второто полувреме тој воопшто не влезе на теренот.

Освен дебито на Вилијамсон, дуелот го одбележа и силниот земјотрес кој ја погоди Калифорнија, а се почувствува и во Невада и Мексико. Се работи за најсилниот земјотрес во Калифорнија во последните 20-тина години, а поради тоа, дуелот меѓу Њу Орлеанс и Њујорк не се доигра. Беше прекинат на 7:53 минути до крајот при резултат 80:74 за Пеликанс.

Освен тоа што беше прекината оваа средба, поради земјотресот не се доигра и мечот меѓу Орландо и Сан Антонио, а воопшто не започна дуелот Феникс – Денивер.

- Оглас -

Најнови вести