Првите три сезони на Дончиќ се подобри од првите три на Леброн во НБА

Кошаркарскиот портал „Hoops Hype“ направи споредба на првите три сезони во НБА лигата на Лука Дончиќ и Леброн Џејмс, и врз основа на резултатите, се доаѓа до заклучок дека Словенецот има подобри бројки од тие на еден од најдобрите во историјата на лигата.

Леброн дебитираше во НБА во 2003 година, и во првите три сезони просекот на поени (се сметаат само мечевите од регуларната сезона, без плејоф) му беше 26,5, со што е подобар од Дончиќ, кој во своите први три сезони има просек од 25,7 поени по меч. Но, кај скоковите и асистенциите, предноста е кај Лука. Тој има просек од 8,4, додека Џејмс имаше 6,6 скока по меч во првите три сезони како професионалец. Кај асистенциите, ѕвездата на Далас маверикс има просек од 7,7, што е на 1,1 подобро од просекот на Џејмс во периодот од 2003 до 2006.

И кај процентот на реализација на шут од поле, поуспешен е Дончиќ.

Направена е споредба и на плејоф мечевите. Леброн во првите три сезона на плејоф мечевите давал просечно по 27,5 поени, а Дончиќ постигнува по 32, но има и доста помалку средби во разигрувањето за титулата за разлика од Џејмс кога играше за Кливленд. Инаку, и во плејофот Дончиќ има подобри просеци на скокови, асистенции и реализација на шут.

- Оглас -

Најнови вести