Прво коло е во ФА купот, а нема дилеми дека веќе падна најубавиот гол во сезоната (Видео)

Конор Викам од Форест Грин роверс денеска постигна гол од речиси половина терен, а од клубот се пофалија дека веќе е завршена трката за најубав гол сезонава во англискиот ФА куп.

Викам со два гола му донесе победа на својот тим од 2-0 против нисколигашот Саут Шилдс во 128-финалето на најстарото клупско натпреварување на светот.

Форест Грин е третолигаш, учествува во Лига 1, очигледно дека во своите редови имаат добар играч.

- Оглас -

Најнови вести