Прво Мане со акробација, а потоа Салах со гол по асистенција на голманот го спасија Ливерпул (Видео)

Ливерпул потешко од очекувањата го победи Норвич во меч од 26. коло во Премиер лигата. Гостите кои се на дното на табелата во Премиер лигата, одлично се држеа, а во 48 минута изнрнадувачки поведоа со 1:0.

Сепак, да нема шок на „Енфилд роуд“ се покрижи двоецот Мохамед Салах- Садио Мане. Дури 30-ти меч во Ливерпул овие двајца фудбалери на ист меч постигнуваат погодоци, што беше доволно за пресврт.

Во 64 минута, Мане со акробација успеа да го совлада гостинскиот голман и израмни на 1:1.

Само три минути подоцна, голманот Алисон одлично преку целиот терен го проигра Салах, а египетскиот репрезентативец погоди за 2:1.

За Салах ова беше јубилеен 150-ти погодок во дресот на Ливерпул и тоа во само 233 натпревари. Само Роџер Хунт побрзо стигнал до 150 голови од Салах, на Хунт му беа потребни 226 средби.

До крајот на мечот, новото засилување на Ливерпул, Луис Дијаз ја потврди победата на домаќините за конечни 3:1.

Домашниот терен го искористи и Арсенал кој со 2:0 го победи Брентфорд. Во останатите мечеви: Астон вила – Ватфорд 0:1, Брајтон – Барнли 0:3, Кристал Палас – Челзи 0:1, Саутхемптон – Евертон 2:0.

- Оглас -

Најнови вести