Прво Мастерс финале за Хачанов

Карен Хачанов со 2-0 (64, 6-1) во сетови го совлада Доминик Тим во првото полуфинале на Мастерсот 1000 во Париз. За рускиот тенисер ова е прво финале на големите натпреварувања, а таму за противник ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Федерер и Ѓоковиќ.

Во првиот сет беше неизвесно до 4-4, а Хачанов ја искористи третата брејк топка за да му одземе гем на Австриецот на негов сервис, за потоа да поведе со 1-0 искористувајќи ја втората сет топка. По еден брејк за двајцата тенисери на стартот од вториот сет, а потоа Русинот со три брејка буквално го уништи Тим и со 6-1 славеше голема победа.

Втората полуфинална пресметка започнува во 16:30 часот, 47-от меѓусебен дуел меѓу Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести