Прво појавување на Јокиќ во јавноста после елиминацијата на Деневер (Видео)

Најдобриот кошаркар во регуларниот дел од НБА лигата, Никола Јокиќ, првпат се појави во јавност после елиминацијата на Денвер во разигрувањето за шампион на најквалитетната кошаркарска лига на светот.

Јокиќ беше виден на натпревар на трки со коњи во главниот град на Шведска, Стокхолм, а неговите грла беа многу поуспешни од него, бидејќи токму неговиот коњ беше победник.

Србинот не беше расположен да разговара со медиумите, иако немаше никакво обезбедување околу, а комуницираше само со тркачите на коњите. Останува нејасно дали Јокиќ ќе настапи за Србија на претстојната Олимпијада во Париз.

- Оглас -

Најнови вести