Првото големо изненадување во Монте Карло го исфрли бранителот на трофејот од игра

Второто коло на АТП мастерс турнирот во Монте Карло се покажа како кобно за Андреј Рубљев. Тенисерот кој е на шестото место на АТП листата, на овој турнир дојде како актуелен освојувач на трофејот од минатата сезона, но сега не издржа повеќе од два меча.

Австриецот Алексеј Попилин кој е на 46 место на АТП листата успеа да го победи Рубљев и тоа со 2:0 во сетови, по 6:4 во двата сета. За Попилин ова ќе биде прв пат да игра во осминафинале на Монте Карло.

Во останатите мечеви кои се одиграа денеска, фаворитите беа сигурни.

 

- Оглас -

Најнови вести