Првото засилување на европскиот првак е резервен голман

Маркус Бетинели е новото име во редовите на Челзи, 29-годишниот голман потпиша двегодишен договор со Сините како слободен играч.

Тој ќе биде трета опција меѓу диреците, зад Менди и Кепа, а доаѓа од второлигашот Фулам откако му истече договорот претходно летово. Некогаш беше прв голман на Фулам, но повредите го спречија Бетинели да брани во континуитет, а минатата сезона ја мина на позајмица во Мидлсборо.

Во меѓувреме, навивачите на европскиот првак чекаат посериозна активност од клубот на трансфер-пазарот. Според најновите информации, големо засилување треба да биде Жул Кунде, францускиот дефанзивец на Севилја, за кого покрај одредена сума пари, Челзи ќе го додаде и Курт Зума во трансферот.

- Оглас -

Најнови вести