Првото засилување на Ливерпул во ерата на Клоп се сели во Порто

Ливерпул се согласи да го продаде Марко Грујиќ во Порто за сума од 12 милиони евра, а во трансферот е ставена клаузула од 10% на заработка за Црвените од евентуален иден трансфер на српскиот интернационалец.

Грујиќ наскоро ќе биде промовиран во нов играч на Змејовите откако се согласи на договор до јуни 2026 година, по успешната позајмица во минатата сезона. За Порто запиша дури 41 настап во сите натпреварувања со учинок од три погодоци и си заработи перманентна преселба во Португалија.

Инаку Грујиќ беше првото засилување на Ливерпул во ерата на Клоп, кога во јануари 2016 година ѝ беа исплатени 7 милиони евра на Црвена ѕвезда, но не успеа да се наметне кај германскиот стратег, па редовно одеше на позајмици почнувајќи токму во Ѕвезда, до Кардиф, Херта и последно во Порто.

- Оглас -

Најнови вести