35.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Првото засилување за Вардар дојде од Шкупи

Најтрофејниот македонски клуб Вардар почна со нови засилувања непосредно по завршувањето на првиот дел од сезоната во Првата лига, кој не мина резултатски успешно за Црвено-црните.

Првото засилување доаѓа од Шкупи. Тоа е 30 – годишниот словачки интернационалец Михал Пинтер, игра на централната дефанзивна позиција и досега има одиграно 42 натпревари во ПМФЛ.


Пинтер претходно има настапувано и за екипите на Татран и за Вион Злате Моравче, а бил дел од сите младински селекции на Словачка.


Вардар се очекува да доведе и нов голман, а преговара со Давор Талевски од Шкендија и со репрезентативецот Дени Илиев.

- Оглас -

Најнови вести