Првпат по седум години: Јуве без триото „BBC“

За првпат по седум години, во дефанзивната линија на Јувентус нема да биде триото Бонучи – Барѕалји – Кјелини. Италијанските дефанзивци се соочуваат во повреди кои му зададоа огромни главоболки на Макс Алегри за претстојните натпревари.

Барѕалји уште од декември е вон терените, додека Кјелини и Бонучи се повредија изминатава недела. Никогаш претходно во последниве седум години сите тројца не отсуствувале од стартните 11, вечерва против Парма „старата дама“ ќе се брани со Ругани и Касерес.

Последен пат кога Јуве играше без „BBC“ триото беше во ремито без голови против Џенова на 11-ти март 2012 година. Тогаш Кјелини и Барѕалји беа повредени како и сега, додека Бонучи беше суспендиран поради картони.

Дуелот Јувентус – Парма во рамките од 22-то коло во Серија А е закажан за вечерниот термин од 20:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести