Првпат во историјата: Најдобриот играч во Премиер лигата за декември е од Борнмут

Фудбалерот на Борнмут, Доминик Соланке, е прогласен за најдобар во Премиер лигата за декември. Ова е првпат во историјата играч од овој клуб да го добие ова ласкаво признание.

Соланке во декември постигна шест гола на четири меча и сосема заслужено ја доби наградата за најдобар фудбалер во месецот. Борнмут во декември забележа три победи и само едно реми. Победени беа Манчестер јунајтед, Нотингам форест и Фулам, додека немаше победник на мечот со Астон вила.

- Оглас -

Најнови вести