ПСЖ до 93 минута немаше ниеден шут, а потоа проработија Мбапе и Меси! (Видео)

Пари Сен Жермен на неверојатен начин стигна до победа против Рен во меч од 24. коло на француското првенство. Светците победија со 1:0 и тоа благодарение на погодокот на Килијан Мбапе во 93 минута.

Домаќините во стартниот тим во нападот беа со Лионел Меси, Килијан Мбапе и младиот Чави Симонс, а во вториот дел во игра влегоа и Ди Марија, Икарди и Вајналдум, но до 92 минута, ПСЖ немаше ниту еден прецизен шут во рамките на голот на гостите.

Тогаш, ПСЖ направи контра напад, Меси асистираше до Мбапе, а овој успеа да погоди за 1:0 и освојување на трите бода.

- Оглас -

Најнови вести