ПСЖ го претстави петтото засилување за следната сезона, тоа е најскапиот играч во историјата на Баерн

Францускиот шампион денеска и официјално го претстави петтото засилување за следната сезона, тоа е Лукас Ернандес.

Францускиот репрезентативец на „Паркот на принцевите“ доаѓа од Баерн Минхен, а со ПСЖ потпиша петгодишен договор.

ПСЖ му плати на Баерн 40 милиони евра отштета, а сумата може да се зголеми за дополнителни пет милиони ако се реализираат бонусите.

„Ова е среќен ден за мене. Многу сум среќен што сум тука. Долго чекав да му се приклучам на ПСЖ и конечно се случи“, изјави Ернандес на промоцијата.

Ернандес е најскапо засилување во историјата на Баерн Минхен, германскиот гигант плати 80 милиони евра отштета на Атлетико Мадрид.

Пред Ернандес, ПСЖ ги ангажира и Милан Шкринијар, Мануел Угарте, Марко Асенсио и Ли Канг-ин.

- Оглас -

Најнови вести